Честит Ден на независноста!
Честит 8 Септември!
Честит Ден на независноста!
🇲🇰
🇲🇰
🇲🇰
8 Септември е државен празник кој ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на нашата држава.
“На 8-ми септември 1991 година убедливо мнозинство – 95% од граѓаните што излегле на референдумот, позитивно одговориле на референдумско прашање: -Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?
На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,09 отсто (односно 72,16 % од вкупниот број на граѓани со право на глас).”