26-ти септември-Европски Ден на јазиците
По повод Денот на јазиците издвојуваме неколку интересни факти поврзани со јазиците во светот.
🌍 Во светот постојат околу 7 000 различни јазици.
📖 Библијата е преведена на 2 400 јазици што ја прави најдостапно книжевно дело во светот.
⛪️ На банкоматите во Ватикан, меѓу понудените јазици во менито е и латинскиот јазик.
🌏 Јужноафриканската Република има 11 официјални јазици-најмногу за една земја.
🇨🇳 Кинескиот јазик има околу 50 000 различни букви (симболи), а потребно е да знаете 2 000 за да можете да читате весници.