Back

Неприкосновената потреба од трансформација на традиционалниот начин на едукација во 21. век, век на молскавичен техничко-технолошки раст и развој, ја наметна и потребата од основање на нашата онлајн Академија за германски јазик и култура. Test tekst.

Што работиме?

akademieDSК е едукативен центар специјализиран за онлајн изучување на германски јазик и македонски јазик за странци. Со цел да го задржиме квалитетот на услгите по кој сме препознатливи, го прифативме предизвикот активно да работиме на дигитализација на палетата на јазични услуги, кои на пазарот ги нудиме повеќе од 10 години.

Предности на онлајн наставата

  • Голем избор на курсеви– Од нашиот широк спектар на курсеви по германски и македонски јазик за странци за различна возрасна група и различен интензитет изберете го она што одговара на Вашите желби и потреби.
  • Достапност на материјали – Наставните материјали Ви стојат на располагање во електронска форма  и може да ги користите во секое време.
  • Различни  начини за комуникација со професорот – Предност на онлајн наставата наспрема традиционалната настава  е флексибилноста во комуникацијата со професорот. Изберете помеѓу електронска пошта, live chat, форум или телефонски разговор за да добиете брза повратна информација од професорот.
  • Слобода во изборот на локацијата/амбиентот – Согласно Вашиот стил на учење изберете локација и амбиент, кој ќе ви даде поголема можност за концентрација.
  • Придонесува за заштита на животната средина, а Вие ќе заштедите и на гориво и одржување на возилото, но уште поважно од тоа е што ќе заштедите време што може да го искористите за да учите.
  • Ќе развиете самодисциплина – без обврската за физичко присуство на настава на одредена локација и во одредено време, ќе бидете приморани да развиете вештина за  подобро менаџирање на времето, што секако ќе ви користи во подобрување на квалитетот на животот.
  • Ќе развиете дополнителни вештини за користење на нови апликации.

Што може да очекувате од akademieDSК?

Квалитетот и иновацијата во реализација на сите наши активности се составен дел на нашата понуда и наш постојан предизвик. За да може да гарантираме највисоко ниво на квалитет, Вашата akademieDSК има поставено систем за контрола на квалитетот.

Во наставата се користат најнови и најсовремени наставни материјали, чии содржини се во согласност со јазичните нивоа на Европската јазична референтна рамка пренесени со помош на технолошки помагала.
Слушателите од почетното ниво А1 се до нивото C2 стекнуваат јазични вештини потребни во секојдневниот и професионалниот живот, преку конкретни примери од најважните области на секојдневната или професионалната комуникација.

akademieDSК онлајн курсеви

настава во реално време - флексибилно – индивидуално – интензивно

Со задоволство учите од дома или додека сте во движење, но не сакате да се откажете од компетентниот наставен кадар или од интеракцијата во група? Нашите онлајн-курсеви го поврзуваат ефективното учење со флексибилноста во однос на локацијата и професионалните и приватните активности на учесниците.

Стекнувањето на вештини и знаења во преден план

Нашиот интерактивен модел на учење секогаш го ставаме во функција на постигнување на Вашите цели како дополнително би ја поттикнале Вашата мотивација, а секогаш со индивидуален и позитивен пристап кон интересите и особеностите на секој слушател.

Успехот секако не е случаен, туку е резултат на планирање, мотивирана и посветена заедничка работа.

Со akademieDSК имате гарантиран успех на сите Ваши планови и намери, бидејќи ние наставата ја конципираме според Вашите потреби и можности.

Во akademieDSК-група често се учи подобро отколку сам. Многубројните интерактивни вежби придонесуваат за заеднички напредок на групата и нудат различни можности за зајакнување на групниот идентитет

  • го јакнеме чувството на единство
  • се почитуваме меѓусебно
  • ги почитуваме заедничките правила
  • го помагаме меѓусебното поврзување и тимското работење
  • се запознаваме и другаруваме

Со akademieDSК до целта!