Стекнувањето на вештини и знаења во преден план

Нашиот интерактивен модел на учење секогаш го ставаме во функција на постигнување на Вашите цели како дополнително би ја поттикнале Вашата мотивација, а секогаш со индивидуален и позитивен пристап кон интересите и особеностите на секој слушател.

Успехот секако не е случаен, туку е резултат на планирање, мотивирана и посветена заедничка работа.

Со akademieDSК имате гарантиран успех на сите Ваши планови и намери, бидејќи ние наставата ја конципираме според Вашите потреби и можности.

Во akademieDSК-група често се учи подобро отколку сам.

Многубројните интерактивни вежби придонесуваат за заеднички напредок на групата и нудат различни можности за зајакнување на групниот идентитет. 

*го јакнеме чувството на единство

* се почитуваме меѓусебно

* ги почитуваме заедничките правила

* го помагаме меѓусебното поврзување и тимското работење

* се запознаваме и другаруваме

Но патот на учењето е индивидуален, како и поставените цели. Затоа доколку сметате дека повеќе Ви одговора самостојно да ги дефинирате интензитетот, фокусот и методите на учење akademieDSК е Вашиот вистински партнер.