LEARNTEC2022- Digitalisation
Адаптацијата на современото време, околности и услови, претставува голем предизвик, но, доколку работата е пасија, а мотивација- задоволството на корисниците на услугите, неизбежно е да се трудиме да бидеме сѐ подобри.
Па, така, со особена чест бевме дел од престижниот САЕМ ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА, одржан во Карлсруе, Германија (01-03.06.2022), кој навистина ни отвори многу хоризонти и ни даде нови перспективи за подобрување на нашето работење во дигиталниот свет, и овозможување на потполно задоволство на корисниците и уживателите на услугите.
Веруваме дека секогаш треба да се негува традиционалниот концепт, а тоа е квалитетот во учењето, но да се прави во едно поинакво, дигитално руво!
Најавуваме многу нови, оригинални пристапи во светот на јазиците и нивно изучување, негување на јазична култура со акцент на германскиот јазик како долгогодишно актуелен и интересен за пошироката маса на слушатели.
Следете не, и приклучете се во глобалниот предизвик!