Oktoberfest!
Најголемиот фолклорен фестивал во светот е Октоберфест и се одржува секоја година во градот Минхен, во Германија. Трае од 16 до 18 дена, во период од средината или крајот на септември до првата недела од октомври. Овој настан го посетуваат повеќе од 6 милиони луѓе од целиот свет. Октоберфест е познат и по најголемата потрошувачка на пиво. Во 2015 година биле потрошени 7,7 милиони литри пиво.