Back
Веќе десет години за Вашите најмили во нашата понуда се вбројува континуирана и интензивна билингвална образовна форма за изучување на германски јазик уште со започнување на образовниот процес.
Со цел да го следиме чекорот на 21 век, но и да понудиме алтернатива на директната настава во време на светска здравствена криза, во март 2020 година ја креиравме нашата ВИРТУЕЛНА УЧИЛНИЦА.

ONLINE германскојазичен дневен престој

ONLINE германскојазичниот дневен престој е наменет за деца од одделенска настава (I – V одделение), кој се спроведува во групи хомогени во однос на возраст.

Целта на ONLINE дневниот престој е на децата уште од првите училишни години да им се даде неповторлива можност германскиот јазик да го совладаат на ниво блиско до нивото на мајчиниот јазик односно да имаат флуентна и слободна комуникација, природен акцент, да размислуваат на германски јазик и да го препознаваат значењето на јазичните форми. Покрај тоа преку билингвалниот образовен процес се стимулира и поактивен ментален и когнитивен развој на децата.

Концепт на наставата

Наставната програма во целост е изработена во согласност со наставните содржини кои се изучуваат во основно училиште во соодветното одделение, при што покрај активната подготовка на учениците по наставните предмети на македонски јазик, содржини од истите се изучуваат и на германски јазик.

Во реализација на активностите се вклучени голем број на дидактички, логички и творечки алатки со крајна цел – стекнување на функционално знаење и стимулирање на асоцијативно размислување.

Преку примена на методи на истражување, експериментирање, моделирање и меѓусебно подучување се обидуваме на децата сите наставни содржини да им ги презентираме на колоритен, забавен и креативен начин. Преку примена на најефективниот метод ИГРА учењето станува и причинува вистинско задоволство!

Дневни активности

Престојот во Виртуелната училница зависи од училишните активности на учениците и предвидува совладување на училишните наставни содржини во времетраење од 150 мин. и настава по германски јазик во времетраење од 60 мин., групирани модуларно во зависност од возраста (90 мин. + 60 мин. + 60 мин.).