Онлајн курсевите на akademieDSK се интерактивни и ги развиваат основните 4 јазични вештини: читање, слушање, пишување и зборување.
Наставните материјали се соодветни на јазичните стандарди за секое ниво и обработуваат теми од секојдневниот живот, кои слушателите ги обучуваат за полесно снаоѓање и нормална комуникација во приватниот и професионалниот живот во германскојазичната средина.
Граматичките целини се пренесуват со модерна методологија за поедноставно и лесно усвојување и нивна примена. Покрај стандардните наставни материјали во наставата се користат и голем број на дополнителни вежби за утврдување и примена на јазичните структури пренесени преку разновидни технолошки алатки.

Применувајќи ги најсовремените технологии, курсевите по германски јазик ги конципиравме согласно Европската јазична референтна рамка, која дефинира 3 основни нивоа на јазиците:
A: Елементарна употреба на јазикот
B: Самостојна употреба на јазикот
C: Компетентна употреба на јазикот
Изберете екстензивен, интензивен, специјализиран курс во група или индивидуално согласно Вашите интереси и потреби.
A1 – Почетник
Слушателите разбираат и употребуваат секојдневни и едноставни реченици, со цел да ги задоволат нивните основни потреби. Оспособени се да се претстават сами и да поставуваат и одговараат едноставни прашања– на пример за местото на живеење, луѓето и предметите кои ги опкружуваат. Доколку соговорникот зборува бавно и јасно и е спремен да помогне, тие можат да комуницираат на наједноставен начин.
A2 – Основни познавања
Слушателите разбираат најчесто употребувани реченици и фрази, кои соодветствуваат со области од секојдневието (пр. информации за личноста и фамилијата, купување, работа, поблиска околина). Тие можат да комуницираат со соговорникот во едноставни и рутински ситуации, во кои комуникацијата се одвива преку едноставна и директна размена на информации за работите кои ги опкружуваат. Слушателите се оспособени со помош на едноставни средства да го опишат своето потекло и образование, директната околина и работи кои соодветствуваат на нивните непосредни потреби.
B1 – Напредна употреба на јазикот
Слушателите можат да ги разберат главните поенти, кога се употребува јасен стандарден јазик и доколку се однесуваат на работи поврзани со работа, училиште, слободно време итн. Можат да совладаат најголем број од ситуациите, кои се среќаваат на патување во германскојазичната област. Оспособени се да се изразуваат едноставно и соодветно на доверливи теми од личен интерес. Тие можат да споделуваат искуства и доживувања, да ги опишуваат своите соништа, очекувања и цели, како и да даваат кратки образложенија и објаснувања за своите планови и аспекти.
B2 – Самостојна употреба на јазикот
Слушателите ги разбираат главните содржини на комплексни текстови и апстрактни теми; тие разбираат исто така и стручни дискусии во својата стручна област. Оспособени се спонтано и течно да комуницираат, така што разговорот со говорител на мајчин јазик е возможен без поголем напор од двете страни. Можат да се изразуват јасно и во детали за одреден спектар на теми, да го објаснат својот став за актуелни прашања и да ги наведат предностите и недостатоците на различните опции.
C1 – Стручна употреба на јазикот
Слушателите можат да разберат еден поширок спектар на покомплексни и подолги текстови, а можат и да го резимираат нивното значење. Можат спонтано и течно да се изразат без притоа да им недостасуваат зборови, можат јазикот делотворно и флексибилно да го употребуваат во општествениот и професионалниот живот или во образовниот процес; можат јасно, структурирано и исцрпно да го изразуваат своето мислење на комплексни стручни теми и притоа да користат соодветни средства за поврзување на текст.
C2 – Употреба на јазикот како маjчин јазик
Слушателите се оспособени без мака да разберат сѐ што ќе прочитаат и слушнат. Можат писмено и усно да резимираат информации од различни извори и притоа да даваат повратни образложенија и објаснувања, кои соодветствуваат на нивната претстава. Можат течно, спонтано и точно да се изразуваат на покомплексни содржини и да ги истакнуваат нијансите на нивното значење.